Ова се најбезбедните автомобили во Европа

0
77


Новата Mazda CX-30, Mercedes GLB и Ford Explorer се единствените модели кои добија по 5 ѕвездички во најновите тестирања на Euro NCAP, независно тело што врши проценка на безбедноста на возилата во Европа.

Mazda доби најдобар резултат досега во категоријата заштита на возрасни патници – 99%. SUV моделот на јапонската автомобилска компанија исто така доби максимални бодови и на тестирањата за страничен удар и на симулацијата за страничен удар во дрво.

„Ова навистина е импресивен модел. Во случај на несреќа има многу малку места што се побезбедни од предните седишта на Mazda CX-30“, изјави Метју Ејвери од компанијата што ги спроведува NCAP тестовите.

CX-30 доби резултат од 86% за заштита на деца, 80% за ранливи учесници и во сообраќајот и 77% за безбедносни функции.

http://kajgana.com/

http://kajgana.com/

http://kajgana.com/





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here