Ова се моментално најгледаните ТВ серии на Нетфликс

0
127


Моментално ова се едни од петте најгледани сериски филмови на Нетфликс. Прочитајте во продолжение за кои ТВ серии се работи.

1. „When they see us“ („Кога ќе нè видат“)


Серија базирана на вистинска приказна за петмина тинејџери (Central Park Five) кои се обвинети и осудени за силување што не го сториле. Освен што освои награда „Еми“, оваа серија е една од најдобрите серии во 2019 година и дефинитивно не треба да ја пропуштите.

2. „Collateral“ („Колатерално“)

Сите оние кои бараат квалитетен политички трилер треба да ја погледнат оваа серија што ја следи приказната на одличната Кери Мoлигeн и нејзината истрага за убиството на доставувачот на пица. Оваа истрага ја вовлекува Кери во заговор во кој учествуваат дилери, шверцери и шпиони.

3. „Новине“ („Весникот“)

Ова е единствената (засега) достапна хрватска серија на Нетфликс. Приказната ја следи редакцијата на единствениот самостоен дневен весник, чии уредници и новинари се соочуваат со најлошиот професионален предизвик – доаѓањето на нов сопственик – тајкунска „суровина“ што добро „стои“ со власта и на кој не му е приоритет независното новинарство.

4. „The good place“ („Добро место“)

Поради грешка, вљубената во себе Елеонор Шелстроп, доаѓа во „Добро место“ по нејзината смрт. Решена да остане, таа се стреми да стане подобра личност. Во филмот ќе го видите добро „воиграниот“ актерски тандем Тед Денсон и Кристен Бел, чии комичарски кариери се едни од најсмешните во изминатата деценија, а зад нив се и другите членови од актерската екипа, особено Д’Арси Карне и Мани Џакинто.

5. „Unbelievable“ („Неверојатно“)

Самата акција, која е базирана на наградениот со „Пулицер“ текст за следењето на случајот од реалниот живот наречен „Неверојатната приказна за силување“, напишана од Кристијан Милер и Кен Амстронг, започнува со повеќечасовното силување на Мери Адлер (ја глуми Кејтлин Довер). Тоа е вистинската приказна за Мери, тинејџерка обвинета за лажење дека била силувана и две детективки кои ја следат нејзината приказна за да дојдат до вистината.

Ви треба предлог за уште некоја серија? Прочитајте ја и нашата рецензија за „Зора“ (Daybreak).

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here