Ова е првото нешто што гостите го забележуваат кога ќе влезат во домот

0
98


Дали некогаш сте се запрашале што забележуваат луѓето кога прв пат ќе влезат во вашиот дом? Знаеме дека првиот впечаток е многу важен и дека се создава за само неколку секунди, а истото важи и кога станува збор за гостите кои доаѓаат во вашиот дом.

Научно е докажано дека се потребни 38 секунди за да се воочат сите ситници и да се започне со осудување.


Едно истражување покажало дека првото нешто што гостите го забележуваат е мирисот на вашиот дом. Веднаш по мирисот, се чувствува температурата, а потоа се забележува дали е чист просторот.

Исто така, откриено е дека три од десет луѓе не ги кажуваат своите замерки на домаќинот. Од друга страна, 86% од домаќините детално ја чистат куќата пред да им стигнат гости, додека 6 од 10 луѓе не се грижат што мислат другите.

Освен мирисот, температурата и хигиената, гостите ја забележуваат и удобноста на мебелот на кој седат, валканите прозорци, книгите, бојата на ѕидовите, како и прашината на украсите на полиците.

Гостите сигурно ќе ги забележат и декорациите во местото на живеење, а еве некои евтини есенски декорации кои ќе го разубават вашиот дом.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here