Оваа необична боја го означи почетокот на 2020 година и одеднаш сите почнаа да ја носат

0
91


Минатата есен во тренд беа кафената и зелената боја во сите нијанси, а трендсетерките продолжуваат да бараат инспирација во природата. Овој пат избраа нијанса што одамна доминира кога станува збор за дизајн на ентериерот, а сега таа нијанса ја пренесе својата доминација и во плакарите на трендсетерките.

Не е тајна дека на модната сцена владее минимализмот, а судејќи според она што го има на Инстаграм, кој долго време ги диктира трендовите, оваа година улиците ќе бидат целосно преплавени со една изненадувачка нијанса на зелената боја – боја на жалфија.

Зелената боја е позната како боја што ги одмора очите и има релаксирачки ефект врз луѓето, а бојата на жалфија е суптилна и нежна, но сепак впечатлива.

Ако сè уште не знаете како да ја комбинирате и што да облечете, во продолжение погледнете неколку идеи што ќе ви помогнат во тоа.

Погледнете ги и овие 10 предлози за зимски аутфит без грешки.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here