Оваа недела ќе биде најлоша за следниве три хороскопски знаци

0
88


Сонцето се наоѓа во шармантната и заводлива Вага и испраќа романтична енергија низ целиот космос. Зар овој период од годината не е познат и како сезона за гушкање? Сепак, покрај таа позитивна енергија, студениот Сатурн ја отежнува атмосферата. Оваа недела ќе биде најлоша недела за овие хороскопски знаци со причина.

Овен: Ќе изгубите контрола во вашата врска

Иако уживате да ја водите вашата врска, оваа недела може да почувствувате отпор. Доколку имате несоодветен баланс со вашиот партнер, време е да се обидете да го најдете. Бидете трпеливи при секој конфликт и не го претпоставувајте најлошото. Иако ќе се чувствувате безмоќно и поразено, запомнете дека нема победници и губитници во врската во која владее почит. Наместо да ја истакнете доминантноста, искористете ја шансата да се повлечете и дозволете двете страни да се смират. На тој начин ќе се зближите многу повеќе.


Стрелец: Жртвувате многу за останатите

Стрелци, не е сѐ ваша вина. Се чувствувате како сите да бараат нешто од вас оваа недела, но не е ваша одговорност да ги поправате нивните проблеми. Не заборавајте да се фокусирате и на вашите потреби. Не дозволувајте да ве искористуваат. Иако совеста ве гризе, запомнете дека не сите сакаат помош. Тие едноставно бараат некој на кој би му ги наметнале нивните проблеми.

Риби: Можно е да доживеете тежок период

Совеста полека ве гризе и не можете да го избегнете тоа. Можно е да се чувствувате присилени да се откажете од нешто за коешто многу сте се труделе. Нема да биде лесно, но не бидете строги кон себе. Верувајте ѝ на авантурата во која ќе се впуштите. Моментално сте обиколени со многу можности за нови пријателства и спомени. Доколку се фокусирате на работите кои не можете да ги поправите, можно е да ги испуштите овие нови можности.

Не се пронајдовте на оваа листа? Дознајте за кои знаци оваа недела ќе биде одлична.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here