Облачно и студено со северен ветер

0
104


Скопје, 6 јануари 2020 (МИА) – Времето ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен северен ветер. Во раните утрински часови локално ќе провејува слаб снег. Попладне облачноста ќе се намали.

Утринската температура ќе се движи од минус 8 до 2 степена, а дневната од минус 4 степени до 6 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до минус 2 степена, а дневната до 3 степени.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here