Облачно и ветровито, со услови за дожд

0
96


Скопје, 3 ноември 2019 (МИА) – Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во западните делови со услови за локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се движи од пет до 12 степени, а максималната од 13 до 19 степени.

Во Скопје слично време, со температура од 10 до 19 степени.

Вo понеделник ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни. Доцна поладне врнежите ќе престануваат, а облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минимална температура ќе биде во интервал од осум до 15 степени, а максималната температура од 15 до 19 степени.

Од вторник ќе има пораст на дневната температура. Во вторник и среда ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се движи од три до 11 степени, а дневната од 17 до 23 степени.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here