Обединетото Кралство ѝ врати на Полска повеќе од 100 тони златни резерви

0
141


Варшава, 26 ноември 2019 (МИА) – Гувернерот на централната банка на Полска, Адам Глапињски денеска изјави дека од Обединетото Кралство пратени се повеќе од 100 тони златни резерви, вредни околу 18,3 милијарди злоти (4,25 милијарди евра).

Златото е вратено од трезорите на Британската централна банка, каде Полска по Втората светска војна остави на чување поголем дел од златните резерви на земјата.

Враќањето на златото е организирано во осум пратки од по илјада златни прачки. Златото пристигна на аеродромите во Варшава и во Познањ.

Полската централна банка во моментот располага со 228,6 тони злато од кои во нејзините трезори се чуваат само 105 тони.

Во 2018 и 2019 година златните резерви на Полска се зголемени за 125,7 тони.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here