НФЛ Тепачка: Му ја зеде кацигата, го удри со неа, па доби ќотек

0
90


Луда тепачка се случи за време на натпревар од НФЛ каде еден играч дури и со кацига маваше по противникот.

Ноќеска на „ФрстЕнерџи“ стадионот во Кливленд домашниот тим на Кливленд Браунс со 21:7 го преслуша Питсбург Стилерс, но победата падна во сенка на необичната тепачка.

Дојде до закачка помеѓу домашниот дефанзивец Мајлс Герет и гостинскиот квотербек Мејсон Рудолф при што Герет успеа да му ја оттргне заштитната кацига на Рудолф и потоа со истата убаво да го мавне по глава.

http://kajgana.com/

Тоа го видоа соиграчите на Рудолф па веднаш го нападнаа Герет кој беше соборен на земја и доби низа боксови и клоци.

По натпреварот Герет не се извини за неспортскиот потег, а сега го очекува и суспензија за овој испад.

Со овој пораз заврши серијата од 4 последователни победи за Питсбург.

http://kajgana.com/

http://kajgana.com/

http://kajgana.com/

http://kajgana.com/





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here