Норвешкиот вундеркинд го надмина татка си: Ќе му се пофалам дека му дадов гол на Ливерпул

0
92


Ерлинг Браут Холанд продолжи да ги тресе мкрежите во Лигата на шампиони. Ниту одбраната на бранителот Ливерпул не најде лек за овој тинејџер.

Залцбург однапред беше прежален на „Енфилд“, а по 36 минути игра губеше со 3:0 со дебакл во најава. Но, азиското дуо Хи-чан Хуан и Такуми Минамино ја вратија неизвесноста, а Холанд влезе во игра во 56-тата минута и само четири минути подоцна израмни на 3:3 по асистенција на Јапонецот. Подоцна сепак Салах даде победнички гол и Залцбург поразен си замина во Австрија.

„Сега имам ист број на голови постигнати на „Енфилд“ како и татко ми. Кога бев мал често ми повторуваше дека дал гол на „Енфилд“. Се фалеше. Сега, кога ќе се видиме, ќе можам да му кажам дека и јас му дадов гол на Ливерпул“, изјави задоволниот Холанд.

Татко му Алф-Инге Холанд му даде гол на Ливерпул на Боксинг Деј во 1997 кога Ерлинг не беше ни роден. Тогаш играше за Лидс и го постигна утешниот гол во поразот од 3:1.

За тинејџерот ова е гол број 4 во Лигата на шампиони откако во првото коло постигна хет-трик и е на делба на првото место на листата на стрелци со Серж Гнабри од Баерн.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here