Норвежанец го запали Куранот, па го спасуваше полицијата

0
131


Лидерот на организацијата која се бори против исламизацијата на Норвешка го запали Куранот на сред протест по што беше физички нападнат од група граѓани.

Протестот во норвешкиот град Кристијансанд заврши со апсење на лидерот на организацијата СИАН (Стоп на исламизацијата на Норвешка) откако беше физички нападнат бидејќи пред насобраната толпа го запали Куранот, светата книга на исламот.

Лидерот на СИАН со име Ларс Торсен од претходно ѝ е познат на полицијата бидејќи веќе во неколку наврати бил санкциониран поради анти-исламска пропаганда.

Протестот бил одобрен од градските власти, а Торсен најавил и дека планира да го запали Куранот за што бил предупреден од полицијата да не го прави тоа. За време на протрестот, прво две копии од Куранот фрлил во ѓубре, а третата ја запалил. Потоа неколкумина припадници на контра-протестот го нападаа по што интервенираше полицијата.

Брзата интервенција на органите за безбедност спречи поголем инцидент бидејќи откако Торсен беше нападнат негови приврзаници се обидоа да се вклучат во негова одбрана.

Муслиманските лидери во Норвешка најавија тужба за СИАН поради говор на омраза и палење на светата книга.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here