Новозаразени 22 од 462 направени тестови, почина пациентка од Скопје

0
38


Во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на COVID-19 од 462 направени тестирања. Од новозаразените, најмногу (девет) се во Скопје, шест во Тетово, четири во Прилеп и по еден во Куманово, Велес и Охрид. Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 16 оздравени пациенти – осум во Скопје, по двајца во Прилеп, Струга и Велес и по еден во Гостивар и Кратово.

Во ГОБ „8 Септември“ почина пациентка од Скопје на 79-годишна возраст, хоспитализирана како сомнителна на COVID-19 на 13 мај, а која вчера била потврдена позитивна на вирусот.

Во изминатото деноноќие на Инфективната клиника се примени шест пациенти, од кои четворица се префрлени од ГОБ „8 Септември“, а една пациентка е префрлена од Клиниката за гинекологија. Во моментов на Инфективна се хоспитализирани вкупно 46 пациенти. На кислородна поддршка се 20, а на механичка вентилација се двајца пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се осум нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 23. На респираторна машина се шест пациенти и уште двајца се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани четворица, на домашно лекување се следат уште двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно четворица, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 48 пациенти позитивни и сомнителни на COVID-19.

Направените 462 теста во изминатите 24 часа се направени преку: Институтот за јавно здравје –203, Ветеринарен факултет -16, Авицена –10, Биотек – 35, Филип Втори (Жан Митрев) – 94, Систина со ПСР-метод  – 4 и МАНУ -100. 

Досега во земјава се направени вкупно 21.010 тестирања на КОВИД-19.

Од вкупниот број тестови во изминатото деноноќие, 171 тест е направен во рамките на скринингот од градинките. Преку ИЈЗ се тестирани 80 лица од Битола, а преку МАНУ тестирано е 91 лице од Скопје и сите се негативни.

Од почетокот на епидемијата, вкупниот број дијагностицирани  на COVID-19 во нашата земја  изнесува 1.762, оздравени се 1.267, а починати  98 лица. Во моментов бројот на активни случаи е 397.

Министерството за здравство ја соопштува статистиката на вкупно заразени и активни случаи по градови:

Скопје – 601, активни 134
Куманово – 414, активни 44
Дебар – 51, активни 0
Штип – 35, активни 1
Прилеп –197, активни 65
Тетово – 137, активни 74
Струга – 69, активни 4
Велес – 114, активни 48
Битола –26, активни 7
Охрид –18, активни 3
Кавадарци – 5, активни 0
Гостивар –19, активни 2
Гевгелија – 4, активни 0
Струмица – 2, активни 0
Крива Паланка – 6, активни 2
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 3, активни 0
Кочани – 31, активни 4
Пробиштип – 2, активни 0
Кичево – 2, активни 0
Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 2, активни 0
Пехчево- 3, активни 1
Делчево -1, активни 0
Валандово -1, активни 1
Виница – 2, активни 0
Кратово -2, активни 1
Берово -1, активни 1.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here