Новитет од WhatsApp – пораки кои исчезнуваат

0
110


Предвидено е WhatsApp да почне со тестирање на новата функција Disappearing Messages која автоматски ќе ги брише пратените пораки по одредено време.

Првично оваа функција беше забележана во ажурирањето на WhatsApp Beta 2.19.275 за Android.

Се очекуваше да биде достапна за во индивидуални и групни разговори, но најверојатно ќе биде достапна само за групни разговори и опцијата ќе ја има само администраторот, односно креаторот на групата.

Според WABeta Info, новата функција најверојатно се воведува за бришење стари пораки и за ослободување простор за складирање на уредите.

Корисниците ќе може да одберат дали пораката да биде автоматски избришана по 1 час, 1 ден, 1 недела, 1 месец или 1 година, без никаква трага дека некогаш била испратена.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here