Додека Volkswagen го промовира новиот Golf 8, паралелно со овие активности, фабриката во Волфсбург не спие – активно се работи на сериското производство за да може во почетокот на декември да се појави во продажба.
Први земји во кои новиот Golf 8 ќе се најде во продажба се Германија и Австрија, велат од германскиот автомобилски гигант.
Од Volkswagen истакнаа дека на производството на новиот Golf се ангажирани 8.400 работници, како и дека во составувањето на овој автомобил се користат над 2.700 делови, вклучувајќи 962 елементи со електрично напојување за кое се потребни дури 1.340 метри кабли.
За тоа колку е новиотт Golf 8 посложен за производство од неговите претходници покажува фактот дека „седумката“ има вкупно 31 електричен систем со нешто помалку од 100 метри кабли.
Од друга страна, од Volkswagen велат дека производството на еден примерок од овој модел трае еден час помалку во споредба со претходната генерација.
Планирано е во 2020 година да се постигнат понатамошни подобрувања во производството, кога ќе биде воведен и автоматизиран транспортен систем во рамки на фабриката во Волфсбург, што ќе овозможи побрзо снабдување на погоните со автомобилски делови.