Новиот BMW iX3 стартува со производство во 2020 година

0
123


Откако беше претставен концептот за iX3 во април 2018 година, BMW напорно работи на развојот на продукциската верзија на новиот електричен кросовер, а сега е познато и кога ќе започне неговото производство.

Баварската компанија откри неколку податоци за моделот iX3, а со производство за светскиот пазар ќе започне во текот на 2020 година.

http://kajgana.com/

Новиот автомобил ќе биде заеднички проект со компанијата BMW Brilliance Automotive во Шенјанг, Кина.

Пред сè, iХ3 ќе користи батерија со капацитет од 74 kWh која ќе осигура домет од 440 км. со едно полнење.

http://kajgana.com/

Ќе го придвижува петтата генерација на eDrive електричен погонски систем, а од BMW со гордост истакнуваат дека самостојно ги развија сите компоненти.

Технологијата се прилагодува во секоја смисла и може да се користи за различни концепти на возила.

http://kajgana.com/

Познато е дека електричниот мотор ќе развива 286 коњски сили и 400 Nm максимален вртежен момент.

BMW е горд на малата потрошувачка која изнесува 20 kWh на 100 км.

http://kajgana.com/

Со пристигнувањето на електричниот модел iX3, X3 ќе биде првиот модел достапен со plug-in и електричен погон.

http://kajgana.com/





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here