Новиот Audi A3 доаѓа годинава

0
42
loading...

[ad_1]

Кон крајот на минатата година се појавија шпекулации дека новата, четврта генерација од A3 ќе биде претставена годинава. По само неколку месеци, британските медиуми повикувајќи се на извори од компанијата ги потврдуваат тие шпекулации.

Како што објави AutoExpress, магазин кој објави и рендери од можниот изглед, А3 ќе биде достапна во хечбек со пет врати и седан изведба, а во текот на 2020 или 2021 година се очекува да се појави и S3 и RS3 изведбата.

Екстериерниот дизајн на новата генерација ќе биде согласно дизајнот на последните модели на Audi прикажани минатата и најавени за оваа година. Иако не треба да се очекува радикални надворешни промени, сепак новата генерација значително ќе биде попривлечна и модернизирана со што ќе може без проблеми може да цели кон врвот на својот сегмент.

loading...

Audi A3

Новиот А3 се базира на унапредената MQB платформа која ќе се користи и кај најновата генерерација од моделот Golf на VW. Покрај бензинските и дизелските мотори, планирана е и plug-in хибридна изведба со автоомија од околу 60 километри.
Цената засега останува непозната како и точниот датум на премиера иако се поизвесно е дека тоа ќе се случи на саемот во Франкфурт во втората половина годинава.

The post Новиот Audi A3 доаѓа годинава appeared first on 24auto.mk.

[ad_2]

Source link

loading...