Новиот филм на Pixar прашува: По што сакате да ве паметат кога ќе ве нема?

0
79


Студиото за анимирани филмови Pixar го објави трејлерот за својот најнов филм – „Soul“.

Трејлерот покажува дека во филмот ќе се зборува за соочувањето со смртта и смртноста воопшто, нешто слично како тематиката во „Coco“.

Ова ќе биде прв филм на Pixar во кој главниот лик е Афроамериканец. Да, во 21 филм на познатото студио досега немало главен лик со темна боја на кожата.

„Soul“ ја следи приказната на професорот по музика Џо Гарднер, за кого гласот го позајмува Џејми Фокс. Негова најголема страст е да прави џез музика.

Откако ќе падне во шахта Џо ќе се најде во едно мистично место каде ќе открие дека станал дух.

Филмот ќе има премиера во јуни, 2020 година и го поставува големото прашање со кое сите се соочуваме порано или подоцна во животот: По што сакате да ве паметат кога ќе ве нема?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here