Новиот филм на Нетфликс “Marriage Story” (Брачна приказна) го подели Интернетот

0
115


„Marriage Story“ беше емитуван на Нетфликс минатата недела и многу љубители на филмот го погледнаа во текот на викендот. Драмата која зборува за развод е номинирана за 6 „Златни глобуси“ и е пред „Си беше еднаш во Холивуд“ и „Ирецот“ кои се со по пет номинации.

Филмот е длабоко личен проект на Ноа Бомбах и го прикажува разводот помеѓу успешен режисер и неговата сопруга, актерка. И покрај тоа што не е целосно автобиографски, Бобах изјавил дека се базира на неговите сопствени искуства со Џенифер Џејсон Ли:


Јас имам вистинска поврзаност со материјалот… Исто така, поминав и еден период од мојот живот кога многу од моите пријатели се разведуваа. Тоа го согледав како можност да направам нешто поголемо и заради тоа направив многу истражувања. Разговарав и со многу мои пријатели, и пријатели на пријателите, а и со адвокати, судии, медијатори.“

Еден од најинтересните елементи во филмот е тоа што двојката не се презира еден со друг, но работите тргнуваат лошо во истата секунда кога ќе се појават адвокатите (брилијантно одиграни од Алан Алда, Лора Дерн и Реј Лиота).

Скарлет Јохансон и Адам Драјвер имаат исклучителни улоги кои се „срцето на филмот“, а длабоката медитација во него потсетува на филмските класици „Крамер против Крамер“ и „Сопрузи и сопруги“.

Додека „Приказните за Мејоровиц“ (Meyerowitz Stories), претходното дело на Бoмбах, не помина најдобро и беше епизодно по природа, „Приказна за бракот“ е филм што ласерски се фокусира во својот пристап. Ова е една приказна раскажана од почеток до крај. На моменти е очајна, но се чувствува и надеж на крајот. Филмот го прикажува одблизу она со што се соочил Бомбах преку разводот. Сепак, филмот „Приказна за бракот“ им е веројатно блиска и на оние со какво било искуство во љубовните врски.

Критиките за филмот веќе се раширени на Интернет под хаштагот #MarriageStory. Мислењата за него се поделени.

Можеби сакате да прочитате и за најдобрите „странски“ ТВ серии од 2019 година на Нетфликс, вклучувајќи ги „Dark“, „Money Heist“ и „Derry Girls“.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here