Новинар сведочи: Асанж полека умира во самица

0
112


Британскиот новинар Воган Смит за Russia Today изјави дека Џулијан Асанж звучел „дрогирано“ и имал проблеми со говорот во текот на нивниот телефонски разговор.

За Божиќ Асанж имал право на еден телефонски повик од затворот Белмарш во Лондон, пренесува BBC.

„Мислам дека сакаше неколку минути бегство за да ги оживее среќните сеќавања“, вели Смит и додава дека Асанж за последен пат славел празник во сопствениот дом во 2010 година.

Тој истакнува дека состојбата на Асанж се влошувала во текот на разговорот.

„Неговиот говор беше неразбирлив, зборуваше бавно. Џулијан е личност со гласни артикулации и зборува многу јасно. Звучеше грозно, беше вознемирувачки да го слушаш. Ми рече дека „умира бавно“ во затворот“, изјави новинарот.

Смит верува дека Асанж бил под седативи, а истото мислење го делат и луѓето кои претходно го имаат посетено Асанж. Новинарот не е прв кој го покрена ова прашање, но британските власти одбија да откријат дали во затворот му даваат психотропни лекови, со опомена да не го малтретираат. Со оглед на тоа дека 23 часа е во самица, барањата на многубројни лекари да го испитаат неговото здравје се одбиени.

„Џулијан беше исклучително добро друштво во текот на Божиќ 2010 година, но човекот со кој разговарав по телефон беше друга личност. Не разбирам зошто е во затворот Белмарш. Тој е во притвор и не е опасност за јавноста“, вели Смит.

Белмарш е затвор од А категорија, тоа значи дека е со најсилен безбедносен систем во Велика Британија и е наменет за исклучително опасни луѓе, за оние кои повеќе пати имаат обиди за бегство, за сериски убијци и за терористи.

Асанж не спаѓа во ниту една категорија од наведените.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here