Таткото на српската пејачка Светлана Сека Алексиќ починал за време на Божиќните празници во 2017 година. Неговото заминување пејачката тешко го поднела. И две години подоцна тој секојдневно ѝ е во мислите, а особено вчера кога требало да прослави 71. година.
Сека по тој повод повторно објавила емотивна фотографија на која нејзиниот татко го држи во прегратка малиот Јаков, а напишала и растажувачка порака.
„Нашиот дедо Милорад денеска би наполнил 71. година. Во нашите молитви си…Никогаш нема да те заборавиме“, порачала пејачката.