„Не можеше Ландин да одбрани толку, колку што ние можевме да погодиме стативи!“

0
186

Тимур Дибиров беше одговорен да се појави на прес-конференцијата по мечот Вардар – Кил и да се соочи со медиумите, само два дена откако самоуверено најави дека „баш сака да види како Кил би победил во Скопје“.

Руското крило призна, ова беше катастрофален настап на Вардар, а Кил мајсторски го искористи тоа. Се наврати на прес-конференцијата во четвртокот и рече дека Кил им покажа каде им е местото.

„Честитки за Кил и мислам дека и тие не очекуваа ваков резултат, чесно и коректно си победија. Пред натпреварот реков да видиме каде сме и еве, видовме каде сме. Фала им са тоа. Сега мора да работиме, имаме одговорност кон луѓето што навиваа во сала, пред телевизор. Пробавме да направиме камбек, но не бевме подготвени за тоа, а разликата беше преголема“, рече Дибиров.

За тоа што се случи во првото полувреме и како тоа постигнаа само четири гола:

„Се случи колапс. Видете, кога еден ќе промаши по една две топки може да се поднесе, ама цела екипа… Добро бранеше Ландин, ама тој не одбрани колку што ние промашивме и погодивме пречки и стативи. Тоа е. Сигурно дека нè исненадија со одбраната кон Криштопанс, но ќе мора сè да анализираме. Сигурно ќе гледаме видео и ќе видиме што се случи. Разочарани сме навистина“, објасни Русинот, кој беше најефикасен кај Вардар.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here