Нејмар побегна од ПСЖ поради коронавирусот

0
88


Франција вчера ги затвори граиците поради пандемијата со Covid-19, а на граѓаните им наложи да останат во своите домови за да се спречи ширењето на новиот коронавирус, откако бројот на заразени во земјата се искачи над 7.000, а 148 луѓе починаа.

Иако денеска беше првиот официјален ден од карантинот во Франција, фудбалерите на ПСЖ веќе некое време се во самоизолација, тренираат во своите домови и за своите дневни активности ги известуваат фановите преку социјалните мрежи.

Но, она што ги заинтригира француските медиуми беа ретките објави на Нејмар на социјалните мрежи, па по кратко истражување, заклучија дека Бразилецот „ја дувнал“ од Франција од страв од коронавирусот и се вратил дома.

Le Parisien и L’Equipe тоа го потврдија денеска – Нејмар и неговиот сонародник Тиаго Силва се вратиле во Бразил непосредно пред воведувањето на рестрикциите за патување во Франција.

Le Parisien остро го критикуваше ПСЖ и ги повика челниците на клубот да објаснат како дозволиле Нејмар практично да побегне во Бразил во време на пандемија.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here