Нејзина желба е да има најголеми образи на светот – направила над 10 корекции и не мисли да запре

0
59


Анастасија Покрешук од Киев е голема љубителка на филери, до таа мера што самата си ги вбризгува во јаболчиците. Нејзиниот уникатен изглед не го одобруваат сите, но Анастасија вели дека најважно е нејзе да ѝ се допаѓа и дека никогаш не се покајала.

Исто така открила дека сега добива многу повеќе внимание од мажите, со овој изглед, а сигурна е дека тоа е така поради самодовербата што ја добила од филерите.

„Мајка ми мисли дека ова е лудо, но не може многу да влијае врз мене. Не се каам, никогаш не сум се пожалила и среќна сум со своето лице.“

Оваа 31-годишна девојка рекла дека порано мразела сè што било поврзано со неа.

„Гласот, појавата, од сè се срамев. Тоа беше тежок процес. Мислам дека претходно бев грда, додека мајка ми мисли дека претходно бев природно убава, а дека сега сум егзотична. Пријателите велат дека сега изгледам подобро, бидејќи претходно сум изгледала како глушец, така ме викаа.“

Разбира дека на луѓето нејзиното лице им изгледа чудно, но не обрнува внимание на тоа.

„Сама си ги ставам филерите, освен во образите и во другите делови на лицето.“

Доктор Алекс Каридис ја предупредил Анастасија дека самостојното вбризгување филери е многу опасно, но и покрај направените над 10 интервенции не мисли да запре.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here