„Нетфликс“ секоја недела во наредните 12 месеци со по еден нов филм

0
4


Од компанијата „Нетфликс“ ветуваат дека ќе се обидат да нѐ забавуваат оваа година, пренесува „Си-Ен-Ен“.

 

Стриминг сервисот ги објави плановите за оваа година во вторник, ветувајќи дека секоја недела во следните 12 месеци, корисниците ќе имаат можност да гледаат нов филм.

Некои од филмовите кои допрва ќе ги гледаме на „Нетфлис“ го вклучуваат вестернот „The Harder They Fall“, во кој глумат Реџа Кинг, Идрис Елба и Џонатан Мејџорс. Лин-Мануел Миранда и Хали Бери ќе имаат свое режисерсо деби со филмот „Tick, Tick… Boom!“ и „Bruised“.

Овој новитет доаѓа откако поради пандемијата на коронавирусот голем број од кината низ целиот свет се затворени, при што многу филмови своите премиери ги префрлија на услугите за стриминг.

 





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here