Неславен крај за ММА легендата Кинг Мо

0
78


Синоќешниот настан Белатор 233 требаше да биде во знакот на Мухамед Лавал, кој за последен пат во кариерата влезе во октагонот, но легендата Кинг Мо се посрамоти на збогување.

Кинг Мо (38) во последната борба од кариерата што се одржа во Оклахома, се соочи со малку познатиот Ендру Капел (34) и се чинеше дека сѐ оди во прилог за 22. победа на Лавал.

Но, некогашниот првак уште од почетокот на борбата не беше на своето вообичаено ниво.

Борбата беше завршена по една минута и 22 секунди.

http://kajgana.com/

Кога Кинг Мо се обиде со неговиот карактеристичен разорен удар „со десна“ да го совлада Капел, овој го „прочита“, му се измолкна на една нога и Мо падна на под  – борбата беше експресно завршена.

Лавал заминува во пензија со 21 победа и 10 порази и се смета за еден од најдобрите ММА борачи кои никогаш не се бореле во УФЦ.

Во прилог, видете го неславниот крај на Кинг Мо:





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here