Нема договор за избор на главен државен ревизор

0
105


Скопје, 1 ноември 2019 (МИА) – Комисија за прашања на изборите и именувањата дополнително ќе се наврати на расправата по точката за избор на главен државен ревизор, откако денеска предлогот на функцијата да биде избран Адем Цури не доби мнозинство гласови.

Претседателот на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, Илија Димовски, посочи дека во моментот владејачкото мнозинство во пленум нема мнозинство во комисијата, по што на барање од пратеникот Мухамед Зеќири ја прекина работата на Комисијата.

– Ќе ги информирам и господинот Џафери и господинот Заев, Мицкоски и другите претседатели на парламентарните политички партии за конструктивно да најдеме решенија за клучните државни институции. Посебно да обрнеме внимание за решенија кои што ќе ја имаат довербата на сите пратеници, изјави Димовски.

Претходно за државен ревизор пратеникот од СДСМ Мухамед Зеќири го предложи Адем Цури, додека пратеникот од ДУИ Ејуп Алими го предложи Насер Адеми, којшто досега ја извршуваше функцијата заменик државен ревизор.

За Адем Цури гласаа шест од 12 присутни членови на Комисијата, по што претседателот на Комисијата Димовски ја прекина расправата за оваа точка и ги повика политичките партии да изнајдат начин да се договорат за изборот на државниот ревизор.

Државниот завод за ревизија е речиси две години е без главен ревизор, а мандатот на вршителот на должноста истече на 5 октомври. 





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here