Неколку практични совети како да го користите кокосовото масло во домаќинството

0
110


Кокосовото масло е една од состојките кои може да ги користите за повеќе намени во домаќинството. Идеален е како состојка во исхраната, но за многу други намени. Кокосовото масло е добро за новите обувки, ги отстранува трагите од детските цртежи.

Кокосовото масло е одлично и за вашите нови кожни чизми затоа што ги штити од сушење. На кожата ѝ е потребна влага за да го задржи својот сјај. Со мека крпа нанесете малку кокосово масло за да го вратите сјајот на вашите чевли.

Доколку сакате да ги одлепите декларациите кои се наоѓаат на новите производи, ставете малку кокосово масло, оставете го да отстои неколку минути, а потоа избришете со крпа.

Доколку сакате да ги исчистите железните садови, намачкајте ги со кокосово масло, а потоа избиршете го остатокот.

http://kajgana.com/

Кокосовото масло ќе ви помогне и да се ослободите од гумата за џвакање во косата. Стопете малку масло, ставете на косата и повлечете надолу.

Кокосовото масло е добро за хидратација, што го прави совршен производ за регенерирање на косата.

Загрејте го маслото додека да се истопи, потоа расчешлајте ја косата и оставете да отстои околу десетина минути. Доколку имате време, оставете го да дејствува преку ноќ, а потоа наутро измијте ја косата.

Доколку вашето дете обожава да чкрта по ѕидовите, не се нервирајте. Доволно е да ја навлажните крпата со кокосово масло и да го исчистете ѕидот.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here