Незапаметени поплави во Анкара, вакво нешто се гледа еднаш во 500 години: Водата однела стотина автомобили, погледнете како носи сè пред себе

0
1973
loading...

Обилните дождови и силната олуја направиле голема штета во турскиот главен град Анкара, посебно во предградието Мамак.

Надојдената вода таму однела повеќе од стотина автомобили. Во поплавите биле повредени неколку луѓе, а бројни продавници биле поплавени.

На некои снимки може да се види како водата на повеќе места однела и делови од патишта.

Жителите и локалните власти почнале со расчистување на теренот. Градоначалникот на Анкара, Мустафа Туна, рекол дека ваква катастрофа се случува “еднаш во 500 години”.

loading...

Метеоролошкиот институт во Анкара за претстојните денови најавил продолжување на обилните врнежи и ново силно невреме кое би можело да предизвика поплави и во Истанбул и Измир.

loading...