Невеста заглавила во сообраќаен метеж- Доцнела на сопствената венчавка, па пожарникари ја спасиле целата ситуација (ФОТО)

0
85


Невеста за малку ќе ја пропуштела сопствената свадба, откако останала заглавена во сообраќај, па ја „спасиле“ група пожарникари, кои со поротивпожарно возило ја пренесе до одредената локација.

Пожарникари во Лос Анџелес кои биле на место на сообраќајка несреќа која го блокирала патот виделе дека невестата заедно со своите деверуши се упатила кон венчавката, но не можеле да поминат бидејќи и двете коловозни ленти биле затворени, па тргнале пешки. 

Девојките  облечени во фустани дошле до пожарникарите и објасниле за што се работи, па тогаш тие им понудиле превоз.

Секако невестата и деверушите немале многу избор бидејќи лимузината останала заглавена во сообраќај, па прифатиле.

Неколку недели подоцна Џули им испратила неколку фотографии на пожарникарите.

„Благодарам што ми ја спасивте свадбата“ напишала невестата, а истите фотографии ги објавиле и пожарникарите на својот Инстаграм профил.

 





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here