Неверојатни детали: Бура широка 1.900 километри снимена на Јупитер

0
183


Астроном аматер сними фотографија од бура на Јупитер користејќи ги последните податоци што од орбитата на најголемата планета во нашиот Сончев Систем ги „фати“ леталото Juno на НАСА.

Резултатот е неверојатен.

Станува збор за фотографија што содржи многу повеќе детали во споредба со други акумулирани снимки од надлетувањата на Juno над Јупитер за време на бура.

Аматерскиот астроном Кевин М. Гил ги искористи предностите на модерната технологија и ја сними оваа прекрасна фотографија со неверојатни детали.

http://kajgana.com/

Фотографијата во полна резолуција може да ја погледнете ТУКА.

Леталото Juno собирало податоци на 3 ноември на височина од околу 8.500 километри над првите облаци на Јупитер.

Турбулентната атмосфера на Јупитер создава едни од најголемите бури видени во нашиот Сончев Систем. Бурата фатена на снимката опфаќа површина од 1.900 километри.

Сите податоци што ги собира Juno се достапни за јавноста, па ако и вие се сметате за астроном аматер, слободно користете ги информациите што може да ги најдете ТУКА.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here