НБА 70 години не видела ваков „подвиг“

0
112


Бруклин Нетс одиграа исклучително лош натпревар против Њујорк Никс. Со резултат од 82:94 изгубија од екипа која пред средбата имаше седум победи и 24 порази.

Нетс се запишаа во историјата на НБА, но не во страниците на славата. Погодија само осум шутирања за два поени, а промашија 20.

Тоа не „успеал“ да го направи ниту еден тим откако е воведен шутот за три поени (1979) и временското ограничување за напад на 24 секунди (1954).

Последен пат кога една НБА екипа погодила помалку шутови за два поена беше во 1950 година на натпревар меѓу Лејкерс и Пистонс.

Тогаш и двете екипи погодија по четири шута, а натпреварот заврши со победа на Пистонс од 19:18.

Нетс имаа само 26,9 отсто погодени шутови, што е најмалку во лигата од 2012 година.

„Игравме многу, многу лошо. Смешно лошо“, искрен беше играчот на Нетс Спенсер Динвиди кој постигна 25 поени, од кои 12 од слободни фрлања.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here