На Крит цели 41 час без прекин паѓал дожд, 15.500 удари на гром (ВИДЕО)

0
92
loading...

Најголемиот грчки остров Крит во периодот од 24 до 26 февруари го погодија силни врнежи, предизвикувајќи катастрофални поплави.

Податоците од две метеоролошки станици покажуваат дека дождот траел околу 41 час без прекин.

Најголеми количини биле забележани на двете станици помеѓу 6:30 и 12:30 во понеделникот, 25 февруари, пишува грчкиот весник Катимерини.

Само на источните падини на Белата Планина (Лефка Ори), површина од околу 140 квадратни километри, паднале повеќе од 80 милиони кубни метри вода, не сметајќи го количеството што паднало на многу поголем дел од префектурата Ханија.

loading...

За време на викендот од 24 до 26 февруари, системот ЗЕОС за следење молњи во Националната опсерваторија во Атина забележал и вкупно 15.500 удари на молња во поширокиот регион на Крит.

Во поплавите на Крит едно лице го загуби животот.

loading...