Најмалку 52 лица повредени во авионската несреќа во Истанбул

0
100


Најмалку 52 лица се повредени откако денеска авион при слетувањето на истанбулскиот аеродром Sabiha Gökçen ја промаши пистата, се урна во поле и се распадна на три дела.

Deutsche Welle објави дека во несреќата се повредени 120 лица.

На телевизиските снимки може да се види скршениот труп на авионот и евакуацијата на патниците.

https://kajgana.com/

Турскиот министер за сообраќај и транспорт Мехмет Чахит Туркан изјави дека нема загинати во инцидентот и оти најголемиот дел од патниците можеле сами да го напуштат авионот при евакуацијата.

https://kajgana.com/

Турската телевизија НТВ извести дека авионот се запалил, но пожарот веднаш бил изгаснат. Истата телевизија информира дека авионот Boeing 737-800 припаѓа на компанијата Pegasus и пристигнал од Измир.

Министерот соопшти дека во авионот имало 177 патници и шест членови на екипажот. Министерството за сообраќај и транспорт посочи дека до несреќата дошло поради „груба грешка при слетувањето“.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here