„Најлошата серија на годината“ доби уште една сезона

0
59


Со ваквиот оправдан епитет, серијата сепак доби зелено светло за уште една сезона.

Серијата „Emily in Paris“ доби главно негативни мислења, како од критичарите, така и од публиката, а многумина слободно ја нарекоа „Најлошата серија на годината“.

Но, се покажа дека тоа нема да го спречи Netflix  да одобри втора сезона. Веста беше соопштена преку симпатично „писмо“ од шефицата на Емили во Париз, Силви Грато, која ја известува матичната компанија во САД дека „Ја сакаме Емили во Париз, ама не ѝ кажувајте дека го рековме тоа“.

Екипата на серијата го прослави соопштението со видеоснимка на социјалните мрежи, иако на јавноста не ѝ е јасно како воопшто добија одобрување за втора сезона.

Во меѓувреме, иако никој не ги праша, дечките од Netflix дури и ги поучија гледачите како точно да го изговорат името на серијата:

А објавија и видео со модните моменти во „Emily in Paris“, кои варираа од несфатливи до смели.

За тоа колку не ми се допадна серијата со Лили Колинс во главната улога, веќе пишував во рецензијата Зошто зажалив што ја изгледав цела сезона на „Emily in Paris“?

Засега нема податоци кога ќе почне снимањето и емитувањето на втората сезона, ниту дали креаторите на серијата ќе ги земат превид критиките кога ќе ја создаваат новата сезона.

Засега се знае само дека „Емили ќе се соочи со тешки избори“, а има и навестувања дека можеби новиот љубовен поход на Емили нема да биде кон спротивниот пол.

Дали ја изгледавте првата сезона?

Дали ви се допадна?

Дали би ја гледале втората?

Пишете ни во коментарите!





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here