Ако сакавте да промените нешто на својата коса и во потрага сте по нова, модерна нијанса која ви одговара, еве ви решение.
Имено, експертите за фризури тврдат дека оваа сезона најмодерна е една нијанса совршена за бринети, но и за русокоси, а станува збор за бојата која го добила името Blonde Espresso.
Како што кажува и самото име, оваа боја потсетува на еспресо кафе, со тоа што се комбинира со меденоруса или пепеласти тонови во косата.
Познатиот лондонски експерт за бојадисување коса Џек Хауард истакнал дека оваа боја и понатаму е смеѓа, но со стратешки поставените прамени во бакејаж стил, кои треба да го надополнат вашиот тен.
Светлите прамени би требало незабележително да се стопат во темната подлога, а оваа промена не е драматична – се би требало да изгледа дискретно и софистицирано.
Оваа нијанса е лесна за одржување и добро им прилега на сите, а овој фризер советува светлите прамени да бидат до лицето затоа што ќе имаат подмладувачки ефект.