Најдобрите модни моменти на Оскари 2020

0
94


92. доделување на Оскарите се одржа ноќва во Театарот Долби во Лос Анџелес. Членовите на филмската екипа на македонскиот документарец „Медена земја“ беа дел од ѕведите кои дефилираа на фамозниот црвен тепих, заедно со ѕвездата на филмот, Атиџе Муратова која блесна во креација на македонската дизајнерка Тања Кокев.

Меѓу светските славни личности кои се прошетаа на црвениот тепих се издвои Шарлиз Терон која покажа суптилна, безвременска елеганција, како и Рене Зелвегер која покрај тоа што изгледаше фантастично, се закити и со Оскар за Најдобра актерка во главна улога во „Judy“.

Хоакин Феникс, кој го доби Оскарот за најдобар актер во главна улога за „Joker“, изгледаше одлично во креација на британската дизајнерка Стела Макартни. Тој претходно изјави дека ќе го носи истиот костум на сите свечености за доделување награди од еколошки причини.

 





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here