Најдобриот фудбалер на светот го покажал накитот вреден повеќе од 800.000 долари – само на едната рака

0
117


Кристијано Роналдо е еден од најдобро платените фудбалери на светот, а честопати знае да го покажува и луксузот со кој е опкружен.

На неодамнешната конференција во Дубаи, асот на Јувентус се појавил носејќи накит вреден околу 800.000 долари – само на едната рака. 

На раката, во таа прилика му блескало ретко издание на “Rolex” вредно околу 497.040 долари и веренички прстен чија вредност, според пишувањата на “Daily Mail”, се проценува на 261.600 долари. Фудбалерот носел и прстен украсен со дијаманти вреден околу 65.400 долари.

Моделот на часовник, “Rolex GMT-Master” со кој Роналдо опуштено се пофалил на Меѓународната спортска конференција во Дубаи е еден од најскапите часовници некогаш изработени, а направен е од 18-каратно бело злато и украсен со стотина 30-каратни дијаманти.

Фудбалерот инаку сака да се наградува со скапоцени часовници, па така е познато дека поседува часовник од брендот “Franck Muller” вреден неверојатни еден милион и 569.600 долари, како и нешто поскромниот часовник на “Jacob and Company”, украсен со дијаманти.

Освен што се наоѓа при самиот врвот на листата на најплатени фудбалери на светот, Кристијано Роналдо минатата година заработил дури 47,8 милиони само од Инстаграм, каде го следат 194 милиони луѓе.

https://press24.mk/





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here