Најдени 10 мигранти во возило на патот Слупчане-Ваксинце

0
42


На локалниот пат с.Слупчане-с.Ваксинце, синоќа околу 23:50 часот полициски службеници од Полициска станица Белановце патничко моторно возило „рено лагуна“ со скопски регистарски ознаки, пронашле 10 лица-мигранти од Пакистан, Сирија и Бангладеш.

Како што денеска информираат од МВР полицијата се обидела да го запре патничкото моторно возило „рено лагуна“, кое не застанало, а потоа пред влез на село Ваксинце, кај селските гробишта било пронајдено возилото, при што возачот го напуштил местото на настанот, а во возилото биле пронајдени мигрантите.

Мигрантите се сместени во Транзитен центар Табановце за понатамошна постапка и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here