Најголема заблуда поради која не губите килограми

0
90


Маслиновото масло е многу здраво и секогаш е добредојдено во исхраната, а мононезаситените олеински киселини што ги содржи го прават едно од најздравите масла. Сепак, треба да бидеме внимателни и при консумирањето на маслиновото масло, особено ако сакаме да изгубиме килограми.

Многу луѓе го користат маслиновото масло кога сакаат да се ослободат од вишокот килограми и со него заменуваат некое друго масло сметајќи дека тоа содржи помалку калории. Меѓутоа, кардиологот Ален Ружиќ тврди дека верувањето дека маслиновото масло е добро за слабеење е една од најголемите заблуди во исхраната.


Маслиновото масло е одлична намирница – најдоброто масло кое го знаеме, но како и сите други масла, содржи многу калории. Минималната дневна количина на маснотии која треба да се внесува е 2 грама (2 мали лажички), односно 90 калории. Секој кој сака да ослабе треба да се придржува на ова правило, а салатите да не ги полева со масло, вели Ружиќ.

Затоа, маслиновото масло не смее да се користи претерано. Но, добра вест е што за разлика од растителните масла или масти, маслиновото масло има ниско количество на холестерол. Исто така, маслиновото масло е силен антиоксидант кој има високи хранливи вредности. Важно е само да се користи умерено.

Следно, дознајте кои се придобивките од секојдневното пиење маслиново масло.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here