Научно докажано: Децата единци не се разгалени, ниту нарцисоидни

0
92


Ново истражување покажа дека децата единци не се повеќе нарцисоидни од децата кои имаат браќа и сестри. Всушност, децата кои немаат браќа и сестри имаат поинакви особини на личноста од оние деца израснати со браќа и сестри, покажува најновата германска студија.

Раснењето без браќа и сестри има и предности и недостатоци. Една од предностите е зголемена интеракција со возрасните, а тоа може поволно да влијае на развојот на детето. Од друга страна, познато е дека децата единци имаат посебни привилегии во семејството. Иако децата единци имаат зголемена тенденција да бидат разгалени, егоцентрични и полни со себе, резултатите од ново истражување покажуваат дека оваа идеја често потекнува од одбрани средби, а до сега не e ниту докажана ниту истражувана.

Во анализата на истражувањето учествувале 500 испитаници со цел да се научи повеќе за стереотипите со кои се среќаваат децата единци. Научниците откриле дека децата единци во семејството сепак не се повеќе нарцисоидни од децата кои имаат браќа и сестри.

Истражувањето е објавено во Social Psychological and Personality Science.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here