Наполи повторно бара нов тренер

0
113


Неапол, 11 февруари 2020 (МИА) – Газдите на Наполи размислуваат за отпуштање на тренерот Џенаро Гатузо поради лошите резултати неодамна, пренесува „Калчомеркато“.

Гатузо го замени Карло Анчелоти во декември, но немаше голема промена во резултатите на тимот и неговиот стол започна да се тресе.

Наполи веќе бара иден ментор и фаворити се тренерите на Верона, Иван Јуриќ, Аталанта Џан Пјеро Гасперини, како и поранешниот тренер на Интер и Рома – Лучијано Спалети.

Гатузо има договор со клубот само до летото, а најверојатно Наполи ќе чека до тогаш, за да не му плати отштета.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here