Намирници кои ќе ви дадат повеќе енергија од кафето

0
11


Често се случува луѓето кои чувствуваат недостиг на енергија да посегнат по кафе како брзо решение. Но, секогаш треба да имате на ум и други опции.

Причини за недостиг на енергија има многу, но најчесто се појавуваат поради нездрав стил на живот.

Кои намирници може да ви дадат повеќе енергија од кафето?

Банани

Ова овошје е одличен избор за ужина пред или по тренинг бидејќи е богато со шеќери кои брзо се разградуваат. Содржат магнезиум и калиум кои ги хранат мускулите, така и мозокот ефикасно излегува на крај со уморот.

Спанаќ

Изобилува со минерали кои се важни за работа на нервниот систем. Железото важи за одличен сојузник во одржувањето на физичката, но и умствената подготвеност.

Добро е да му се додаде сок од лимон поради витаминот Ц.

Јајца

Доколку не сте знаеле, јајцата содржат трипотфан и тирозин што значи дека со нивното внесување се регулира излачувањето на серотонин, односно допамин. Тука е и селенот, со чија помош полесно се победува уморот.

Црно чоколадо

Најдобро е да се консумира тоа што содржи повеќе од 70 проценти какао бидејќи го подобрува расположението и нивото на енергија. Содржи кофеин и теобромин, алкалоиди кои го засилуваат наведеното дејство.

Лосос

Оваа риба е извор на есецијални масни киселини, пред сè со Омега-3 масни киселини кои го регулираат нивото на сератонин.

Витаминот Д помага во создавање на мелатонин кој помага да спиеме поквалитетно и со самото тоа да се чувствуваме многу подобро.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here