Надал со пресврт го победи Медведев

0
81


Иако губеше по првиот сет, Рафаел Надал успеа да ги добие наредните два и да слави победа над Даниил Медведев.

Откако во прво коло претрпе пораз од 2:0 од Александер Зверев, Шпанецот во неверојатен натпревар се врати во игра за пласман во полуфиналето.

Рускиот тенисер го доби првиот сет со 7-6, а потоа во третиот имаше и водство од 5-1 по што следуваше неверојатен пад и кам-бек на Надал кој на крајот го доби одлучувачкиот сет со 6-7.

Мадведев го претрпе вториот пораз што значи дека сега му останува само теоретска шанса за продолжување на финалниот мастерс.

Вечерва од 21 часот во рамките на истата група се среќаваат Стефанос Циципас и Александер Зверев.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here