Надал го предаде мечот на Шаповалов на турнирот во Париз

0
99


Париз, 2 ноември 2019 (МИА) – Канаѓанецот Денис Шаповалов без борба стигна до финалето на тенискиот турнир во Париз, откако неговиот ривал, Шпанецот Рафаел Надал, го предаде мечот од полуфиналето.

Надал се предаде без борба поради болка во стомакот.

„Се работи за истегнување на стомачен мускул. Не сакам да ризикувам, бидејќи може да ми се влоши состојбата. Затоа одлучив да го предадам мечот“, соопшти Надал.

Во финалето, Шаповалов утре ќе игра со првиот светски рекет, Србинот, Новак Ѓоковиќ.

АТП Мастерс турнир „Ролекс“ во Париз се игра за награден фонд од 5,2 милиони евра. 





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here