Мурињо е песимист за повредата на Кејн, подготвен е на најлошото

0
95


Тренерот на Тотенхем е веќе помирен дека во наредниот период ќе мора да брка бодови без својот најдобар стрелец иако допрва треба да се добие лекарската дијагноза.

Во 75-тата минута од натпреварот на гости кај Саутемптон, Хари Кејн беше заменет со Ерик Ламела откако не можеше повеќе да трпи болка. Претходно доби удар кој очигледно оставил сериозни последи по голгетерот. Проблем е задната ложа, повреда кој може да биде и тоа како проблематична.

Начинот на кој Кејн едвај чекаше да излезе од игра доволно кажува дека болката била неподнослива. Жозе Мурињо поради тоа смета дека прегледите над Кејн ќе покажат дека ќе мора да паузира одреден период, а дали повеќе или помалку допрва ќе се знае.

„Можеби подоцна денеска ќе имаме попрецизна информација, но ако ме прашувате мене, добра или лоша вест, некако повеќе осеќам накај лоша вест. Како што Кејн го напушти натпреварот, не мислеше двапати, му беа потребни две секунди да ја сфати сериозноста на ситуацијата. Неговото однесување, плус мислењето на клекарскиот тим, мислам дека подолго време нема да сметам на него“, рече Мурињо.

Кејн сезонава во Премиер лигата има постигнато 11 голови на 20 натпревари, а во Лигата на шампионите постигна 6 голови на 5 натпревари.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here