Морис се обиде физички да се пресмета со Јокиќ

0
148


Центарот на Денвер Никола Јокиќ физички се судри со играчот на Њујорк Маркус Морис на натпреварот со Никс.

Инцидентот се случи на самиот старт на мечот, по нешто помалку од четири минути игра.

Репрезентативецот на Србија се најде во борба за позиција  со крилниот кошаркар на Никс кој потоа се обиде да го удри.

Јокиќ не се повлече туку тргна со гради кон Морис кој уште еднаш го оттурна, но останатите играчи на теренот спречија натегањето да прерасне во физичка пресметка.

Јокиќ постигна само шест поени во убедливата победа на Денвер Нагетс против Њујорк Никс од 129:92.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here