Латино дивата Џенифер Лопез поради коронавирусот мораше да ја откаже венчавката со избраникот Алекс Родригез, а сега се најде во уште една неволја. Пејачката наскоро би можела да се најде на суд поради фотографија на Инстаграм.
Според судски документи, фотографот Стив Санд ја тужи пејачката и нејзината компанија Њујоркиан продакшн поради повреда на автоски права. Санд бара отштета од 150.000 долари.
Санд вели дека пејачката користела негова фотографија за да се промовира себе и својот бренд на Интаграм, на кој ја следат 119 милиони луѓе, а притоа, не побарала дозвола од него за тоа, ниту тој добил некаква компензанција.
Фотографијата објавена на 22 јуни 2017 година. Ова не е првпат некој поради ова да ја тужи пејачката. Истото се случило минатата година кога псотавила фотографија на Инстаграм на која заедно со вереникот се држи за рака..
Фотографијата е во сопственост на агенцијата Сплаш, а снимена е во Њу Џерси, кога двајцата се фотографирани како излегуваат од еден клуб.