Морала да го напушти училиштето на 17. години поради врсничко насилство – денес заработува 8.000 евра за минута

0
126


Јутјуб ѕвездата Емили Канам до таа мера е успешна што може да заработи и до 7.000 фунти за само една минута. Модната блогерка и јутуберка не само што има милион следбеници на оваа платформа, туку е и во врска со Џејмс Бурн кој припаѓа на таканаречената А листа на славни личности.

Но, пред само пет години се било значително поинаку – Емили го напуштила училиштето поради врсничко насилство и била на ивица на депресија. Вели дека влогувањето имало значително влијание на нејзиното ментално здравје и дека токму Јутјубот ја извлекол од дното.

Денес патува по светот и е редовна гостинка на црвените теписи, а се чини дека тоа е најдобра одмазда за сите оние кои ја малтретирале.
Таа признала дека може да заработи и до 7.000 фунти за една минута, односно и дека вработила агент кој се грижи за нејзините финансии.
Атрактивната бринета е во врска со 14. години постариот музичар Џејмс Бурн, член на популарниот бенд Бастед.
Интересно е и што нејзината помала сестра Софи тргнала по нејзините стапки и сама гради кариера на блогер, а на Инстаграм ја следат повеќе од 46.000 луѓе.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here