Моментот кога полицијата во Лондон пука во напаѓачот

0
124


Полицијата во Лондон потврди дека се случи инцидент на Лондонскиот мост при што напаѓач со нож повреди најмалку пет лица, пред полицијата да го застрела.

Како што првично објави BBC, сведоци виделе група мажи како се тепаат на мостот. Потоа пристигнала полицијата, на која ѝ било пријавено дека станува збор за напад со нож.

На социјалните мрежи се објавени видеа од сведоците на настанот, од кои се гледа како полицајците го опкружуваат осомничениот, оттргнуваат човек кој го совладал и пукаат во напаѓачот.

Од видеата се слушаат два истрели.

Предупредување: Снимката е со вознемирувачка содржина

Во друго видео се гледа човек како се оддалечува од местото на настанот, со нож во рацете, веднаш откако полицијата пука во осомничениот.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here