Може да си одат дома: Русите на крузерот Westerdam немаат корона вирус

0
73


Четворица руски туристи, членови на едно семејство, кои патуваа на крузерот Westerdam кој се закотви во Пном Пен, Камбоџа поради стравување од ширење на корона вирусот Covid-19, може да се вратат дома.

Руските патници биле детално тестирани и резултатите биле негативни. Семејството чека организиран превоз од домашните служби за да се врати во Русија.

Околу 300 до 400 туристи на крузерот мораа да останат во Камбоџа поради одлуката на локалните власти да се прават задолжителни тестирања за присуство на корона вирусот Covid-19 кај сите патници и членови на екипажот на крузерот кој се закотви во Пном Пен откако му беше одбиен пристап на пет други пристаништа.

Останатите тројца руски туристи на бродот веќе се вратиле во Санкт Петербург.

Крузерот Westerdam со 1.455 патници и 802 членови на екипажот отплови од Јонгконг на 1 февруари и требаше попатно да застане на неколку јапонски пристаништа. Ваквите планови беа откажани откако се рашири паника дека можно некои од луѓето на крузерот да се заразени со новиот корона вирус.

Крузерот помина речиси една недела во пловидба барајќи пристаниште каде ќе може да се закотви. Само Камбоџа покажа разбирање во време на епидемија со вирусот Covid-19.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here